Премиерот Киријакос Мицоракис веднаш да ја промени надворешната политика, порача поранешниот грчки премиер, Андонис Самарас.
Тој го повика Мицотакис да стави вето за Албанија, а преку експертска група да подготви повлекување од, како што вели, национално опасниот Договор од Преспа.
„Мицотакис да стави, како Бугарија, вето на секој чекор на Скопје, чија неодговорност мора да ја осудуваме тука и сега. Целосно да се ревидира ‘пријателството’ со Турција, со што во пракса ќе стане јасно дека не може да не уценуваат, да ни се закануваат, да не исплашат. Има граници“, рече Самарас, пренесуваат грчките медиуми.