Сајкоски: Историјата на Македонија не може да биде предмет на договор на некоја комисија

Сајкоски-Историјата-на-Македонија-не-може-да-биде-предмет-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Oва е најзначаен датум, бидејќи македонскиот народ и граѓаните на Македонија во долгиот континуитет на борба успеаја да ја донесат слободата, да ја никнат македонската држава, рече Ѓоргија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на дебата насловена како „Образовни процеси-мост од историјата кон иднината“ која е во рамки на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ „Важно е! Од тебе зависат промените“.



Сајкоски укажа дека историјата не може да биде предмет на било какви преговори и договори во комисии и слично.

„Денес кога зборуваме за историјата сакаме да кажеме дека историјата не може да биде предмет на договор на некоја комисија. Историјата се фактите, историјата се жртвите, историјата се сведоштвата, историјата ни е културниот идентитет со кој се поистоветуваме. Ние кога зборуваме за историја зборуваме за археологијата, фактите, документите, затоа ние не можеме да се откажеме од историјата“, изјави Сајкоски.

Според него многу е јасно дека не може други, како што рече, да ни ја креираат историјата, затоа што историјата е исцртана и во светски рамки.

„Нашиот народ се дефинираше во 1941 година, и нашата страна е да имаме слободна, суверена Македонија, да имаме Македонија каде суверенитетот нема да биде нападнат од комисија која ни ги креира учебниците, треба ние сами да си работиме на учебници, да си го дефинираме образовниот процес и како што ја почнавме битката така денес треба да се бориме за посебноста на Македонија“, заклучи Сајкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK