Рубин Земон поднесе оставка од Извршниот одбор на СДСМ


rubin-zemon.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Рубин Земон, поднесе оставка од својата партиска функција. Оваа одлука доаѓа по низата жестоки реакции во јавноста поврзани со неговите неодамнешни активности.


Преку статус на социјалната мрежа Фејсбук, Земон појасни дека се повлекува за да ја заштити партијата од политички напади кои, според него, го вклучиле и неговото семејство.

„Сакајќи да го заштитам угледот на СДСМ од непринципелните напади кон мене, а со тоа не бирајќи средства да го инволвираат и моето семејство, а со цел да не бидам терет на борбата на партијата кон уривањето на оваа власт, поднесувам оставка од местото член ИО на СДСМ“, напиша Земон во својата објава.

Притисокот врз Земон нагло се зголеми откако во јавноста одекна веста за неговата средба со бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, претседател на таканаречената „Фондација Македонија“. Стојанов има забрана за влез во државата и кривична пријава за ширење говор на омраза кон македонската држава и македонскиот народ.

Земон претходно предизвика реакции во јавноста и со својата изјава во која тврдеше дека „Гоце Делчев бил само мит кој ништо не направил за Македонија“.

По острите критики, Земон се извини, тврдејќи дека неговите зборови биле извадени од контекст и погрешно протолкувани. Земон тогаш нагласи дека немал никаква намера да го минимизира или навреди значењето на историскиот лик и дело на Делчев.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK