Родителите на невакцинираните деца нека се организираат за чување, не би требало да ги праќаат во градинка, вели Демири

Родителите-на-невакцинираните-деца-нека-се-организираат-за-чување-не.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Моментално на државно ниво има регистрирано 34 заболени од пертусис, објави новиот министер за здравство, Илир Демири.


Тој упати порака до родителите со мали деца дека најголемо достигнување во здравствениот систем е вакцинацијата.

„Децата треба да се вакцинираат, па да се вратат во градинка. Ако не се вакцинирани, треба да ги прашате родителите како ќе го организираат чувањето на детето“, рече министерот одговарајќи на новинарски прашања.

Центарот за јавно здравје-Скопје  прогласи епидемија на голема кашлица поради пораст на бројот на случаи.

Александар Петличковски, претседателот на Комисијата за заразни болести минатата недела препорача забрана за прием на невакцинирани деца против пертусис во градинките и апелираше сите што ја пропуштиле вакцинацијата со редовниот календар – да се вакцинираат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK