Ристовска треба да поднесе оставка, одлуката за Христовски ја поткопува довербата во ДКСК, вели СДСМ

Тасева-По-извештаите-на-Антикорупциска-и-Ревизија-треба-да-паѓаат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) со своите постапки треба да биде пример за одговорно и независно постапување и одлучување а не да остава сомнежи за својата работа“, соопшти СДСМ.


„Последната скандалозна одлука за директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и сомнежите за судир на интереси во самата ДКСК фрлаат црна дамка на работата на комисијата и ја поткопува довербата во оваа важна институции.

Сомнежите за судир на интереси кај членката на ДКСК, Цвета Ристовска, која истовремено била предавач на истиот Универзитет од каде што е спорната диплома на Христовски, како и фактите објавени во медиумите дека дипломата е стекната за само 1 година ја компромитира објективноста и независноста на одлуката.

Од овие причини Цвета Ристовска треба да си поднесе оставка а Државната комисија за спречување корупција да ја повлече и да ја преиспита одлуката за директорот на АНБ.

Дополнително, потребно е целосно расчистување на евентуалните неправилности во анализата на Државниот просветен инспекторат.

Носители на функции во ДКСК мора да бидат пример за одговорност, интегритет и транспарентност. Судирите на интереси, манипулациите и злоупотребите мора да бидат санкционирани без исклучок. Само така може граѓаните да имаат доверба во оваа важна институција“, се додава во соопштението на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK