Ревизорите констатирале неправилности на Онкологија и во битолската болница

Ревизорите-констатирале-неправилности-на-Онкологија-и-во-битолската-болница.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Главниот државен ревизор, Максим Ацевски, во интервју за „Радио Слободна Европа“ изјави дека во ревизорските извештаи објавени во април констатирани се неправилности на Клиниката за онкологија, но и во битолската болница.


Вели дека и двете болници располагаат со акцелератор кој е наменет за лекување на онколошките пациенти, но апаратите не се ставени во функција, и покрај тоа што била платена поголема сума за нив.

Констатиран е и проблем со начинот на кој се водело издавањето на терапијата на Клиниката за онкологија, односно лицата кои се ставаат на терапија, набавката на терапија и евиденцијата.

За битолската болница, во извештајот, ревизорите констатирале незаконски исплати, недозволена прекувремена работа и злоупотреба на термините за прегледи.

Целото интервју на РСЕ.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK