­

Регионална конференција на ХЕРА: Младите имаат решенија за предизвиците со кои се соочуваат само треба да се слушнати


thumbnail_IMG_8516-Copy.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“ е темата регионалната конференција која денеска ги собра младите од Западен Балкан во Скопје. Целта е младите од регионот да се обединат, да ги идентификуваат заедничките предизвици и да се залагаат за инклузивен дијалог кој ќе им овозможи активно учество во донесувањето на важни одлуки.


Ѓерѓ Мура, извршен директор на Фондот за Западен Балкан, во воведното обраќање изјави дека регионалната соработка е клучот за просперитетна иднина на Западниот Балкан.

„Без разлика на секторот, било да се работи за спорт, култура или како, образование и младинското вклучување, нашиот напредок зависи од единството, разбирањето и заедничките можности. Во овој контекст, младите имаат клучна улога“, рече Мура.

Даворин Трпески, Декан на Природно-математички факултет во поздравното обраќање истакна дека е радосен што конференција за млади од ваков ранг се случува на овој факултет.

„Се обидуваме во нашето опкружување да ја наметнеме премисата дека вложувањето во младите е инвестиција за државата и затоа доколку се поддржуваме во нашите намери можеме да ги направиме нашите земји поубави и попријатни места за нашите млади да останат тука “, рече Трпески.

Државниотт секретар во Министерството за здравство – Бесим Мемеди изјави дека младите лекари се главна движечка сила на здравствениот систем. Заложба на Министерството за здравство е да овозможиме што е можно поповолни услови за развој на младите лекари и соодветно вреднување на нивниот труд. Покрај зголемувањето на платите кои се значаен чекор за мотивација младите доктори да останат во државата, Министерството за здравство веќе активно работи и на процесот на вработување 300 + 300 млади специјализанти.

„Со овие чекори ја јакнеме здравствената заштита и испраќаме силна порака дека младите лекари се наш приоритет и иднината на здравствениот систем“, рече Мемеди.

На првата пленарна сесија беше истакнато дека во време на важни регионални политички и социјални промени, младите на Балканот активно учествуваат во процесите на создавање на подобра иднина.

Драгана Стојановиќ, извршна директорка на Центарот за граѓански политики и одржлив развој (ЦППОР), истакна дека во Србија се случува историски момент, бидејќи студентите ја водат најголемата демонстрација во регионот од 1968 година.

„Младите во Србија, и покрај насилството и репресијата од властите, не подлегнуваат на заплашувања и продолжуваат да се борат за својата иднина. Ова не е само политичко прашање, туку егзистенцијално”, изјави Стојановиќ.

Филип Ивковски, претседател на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) рече дема треба да сме свесни дека голем дел од предизвиците со кои се соочуваат младите, како што се миграциите, младинскиот стандард, вработувањето, образованието и така натаму, се всушност предизвици на кои самите млади може да понудат решенија, само треба да им се даде можност да бидат слушнати.

Савче Ѓошева, студентска правобранителка, рече дека квалитетот во високото образование останува конзистентна приказна на чиешто подобрување треба да се работи.

„Било кој студент да прашате, ќе ви посочи дека проблемите не се малку на број, но она што е најважно е дека се` уште сме далеку од бесплатно високо образование и модерен пристап кон наставата, став кој го делат сите студентски организации. Потребен ни е национален консензус и силна волја од општествените актери за да се случи ваква реформа“, рече Ѓошева.

Стојан Пандов, член на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека Владата е посветена на создавање подобри услови за младите преку модернизација на образованието, поттикнување на претприемачкиот дух и создавање нови можности за вработување.

Стефанија Кузмановска, Потпретседателка на Социјалдемократска младина на Македонија рече дека во свет на брзи промени, соочени со дострелите на науката и технолошкиот напредок, идниот интелектуален капацитет треба да се подготвува преку образование кое ќе овозможи научна извонредност и вредносна ориентација.

Конференцијата низ пет работилници се фокусираше на клучни области како што се образованието, здравството, вработувањето, културата и климатските промени.

Марија Ѓорѓиевска од Програмска асистентка во ХЕРА, рече дека достапно, доверливо и квалитетно здравство е клучно за јакнење на младите. Потребна е посебна превентивна програма за млади. Новите здравствени предизвици не се препознаеини.

Вероника Гијовска членка на Студентското собрание, при Природно-математички факултет, како млад истражувач посочи дека младите се свесни за климатските промени, но не се доволно запознаени со главните предизвикувачи и политиките кои ги регулираат.

На работилницата посветена на културата беше истакнато дека културата е моќен инструмент преку кој младите можат да ги изразат своите идеи и да се борат за промени. „Преку уметноста, ние им даваме можност на младите да се ангажираат и да бидат

активни во создавањето на подобро општество“, изјави Даниела Кортоци од Министерството за култура на Албанија.

Евгенија Јанакиевска од Институт Прогрес, рече дека младите заслужуваат фер можности, достоинствени плати и работни места кои ќе им овозможат да го достигнат својот целосен потенцијал.

На крајот од конференцијата е предвидено усвојување на Декларација која ќе служи како важна алатка за креаторите на политики и лидерите на граѓанското општество да работат заедно со младите.

Конференцијата е дел од регионалниот проект „Зајакнување на младите за демократска и одржлива иднина на Западен Балкан,“ поддржан од Фондот за Западен Балкан, а имплементиран од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување – Северна Македонија, Центарот за популациски политики и одржлив развој – IPPF Србија, Организација за унапредување на квалитетот на образованието (ОРКА) – Косово и Граѓанска отпорност – Албанија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK