РЦУК: Невремето во Скопје откорна и лајсна од кров, што претставува опасност за минувачи

nevreme 4
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Краткотрајното невреме што вчера попладне го погоди Скопје, зад себе остави и откорната лајсна од лимен кров на зграда, што претставува опасност за минувачите, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

– Во ЦУК е пријавено и дека поради вчерашното невреме е откорната лајсна од лимен кров на четирикатна зграда, што виси и се ниша опасно, а и во секој момент можела да падне и да повреди случаен минувач или станар на зградата на улицата „Христо Татарчев“ број 23, влез први.  Од РЦУК веднаш е известена Општина Кисела Вода за да се преземат мерки на безбедност и за отстранување на опасноста, појаснуваат од РЦУК.


Од ЈСП „Скопје“ била пријавена опасна дупка на улицата „Кочо Битољану“ кај Скопска пивара, по што веднаш ЦУК ги известил надлежните од ЈП „Улица и патишта“ за да се санира состојбата, а и да се обезбеди местото.

По силното невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер што го сафати Скопје вчера попладне,  на единствениот број за итни ситуации 112 првично пристигнаа пријави за поплавени подрумски простории, улици, подвозници, паднати дрвја, оштетени кабли и падната бандера.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK