Раст на боледувањата во Македонија – надлежните најавуваат анализа и можни измени на системот


rabotilnica-za-boleduvanja-vlada-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во организација на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, со поддршка од СЗО, денеска, во Владата се одржа работилница посветена на унапредување на управувањето со боледувањата во Македонија.


Во рамки на работилницата беа презентирани податоци за состојбата во земјава, предизвиците со кои се соочува системот, европските политики и искуства за подобрување на управувањето со боледувањата.

-Целта на работилницата е вклучување на сите засегнати страни во дијалогот и пронаоѓање оптимален баланс меѓу потребата да се намали бирократијата и потребата да засилат контролите на местата каде има ризик од можни злоупотреби на боледувањата и примена на искуства од други земји. Потребно е да се воспостави баланс меѓу олеснет полесен пристап и помал административен товар, а од друга страна, зголемена контрола на местата каде има ризик. Ги презентиравме првпат податоците интегрирани од „Мој термин“ за кратките боледувања до 30 дена, како и за долгите боледувања над 30 дена. Податоците од „Мој термин“ покажуваат дека во 2025 година има 33 отсто зголемување на боледувањата до 30 дена споредено со 2021 година. Да потсетам дека 2021 беше година на Ковид, кога имавме значителен број боледувања. Денес бележиме дополнително зголемување од 33 отсто, односно повеќе од 300.000 боледувања во текот на 2025 година. Бројот на корисници на боледување не е значително променет. Ако имаме 33 проценти зголемување на боледување, имаме шест проценти зголемување на корисници на боледување, односно од 1,8 на 2,3 отсто е зголемен бројот на просечно боледување по осигуреник или по пациент, посочи министерот Клековски.

Тој потенцираше дека правилата за боледување не се ревидирани од 2012 година и иако номинално боледувањата се во сектор здравство, основен носител е Фондот за здравствено осигурување и „МојТермин“, целта на оваа работилница е да се разгледаат со посеопфатен пристап.

На работилницата присуствуваа претставници од лекарските здруженија и експерти од Словенија, кои дадоа дополнителен стручен придонес во процесот, како и партнерите во економско-социјалниот дијалог – Министерството за економија и труд, синдикатите, работодавачите и стопанските комори, претставници на Државниот инспекторат за труд, Министерството за социјална политика, Министерството за дигитална трансформација, како и претставници на здруженијата на пациенти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK