Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, бара распуштање на Собранието, по првото гласањето во Собранието, од кое, ќе се види дека власта нема 81 пратеник за уставни измени. Тој посочи дека тоа е единствен логичен чекор. Уверен е во тоа дека власта нема 2/3 мнозинство, потребно за вметнување на Бугарите во Уставот.
„Кратко и јасно. Првиот момент кога ова ќе стане јасно и ќе пропаднат сите лаги на мнозинството, нема да има друг логичен чекор освен распуштање на Парламентот и одржување на предвремени парламентарни избори“, напиша Стојаноски.
Непосредно пред утрешното гласање и коорднинаторот на пратеничката група Никола Мицески, рече дека уште на гласањето на дневниот ред ќе се види дали власта има мнозинство за донесување на уставните измени или не и ќе се согледа дали една година се манипулира со бројката за цензусот и за оние кои даваат поддршка на уставните измени. Собранието за во петок има закажано седница на која единствена точка на дневен ред е усвојување на уставни измени и вметнување на Бугарите и други пет етнички групи во Уставот на државата.