Полицијата го расчисти случајот со пукањето кон градоначалникот на општина Арачиново и други лица вработени во општината, додека вршеа увид во градежни работи.
Од СВР Скопје соопштија дека утврден е идентитетот на сторителот.
„По целосното комплетирање на службените материјали и извршените вештачења, на 16 јули до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против М.А. (36) за сторено кривично дело “убиство во обид”“, се вели во соопштението.
Пукањето се случи на 1 април годинава кога од автоматско оружје биле испукани повеќе проектили, при што со повреди се здобија Е.С. (39) и А. А.(22).