Работна средба на министерот Владо Мисајловски со Директорот на Центарот за безбедносна соработка – RACVIAC

Misajlovski-Grigorie-1.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во Министерство за одбрана, министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари средба со Директорот на Центарот за безбедносна соработка – RACVIAC, амбасадорот Константин – Михаил Григорие.


Министерот Мисајловски истакна дека нашето учество во оваа регионална иницијатива, како и партиципирањето во други регионални иницијативи се од особена важност за развој на меѓусебната соработка, на одбранбените капацитети, на интероперативноста и споделување на научени лекции и додаде дека остануваме посветени во исполнување на обврските согласно овие иницијативи.

Директорот на RACVIAC се заблагодари за постојаниот придонес кој го дава Министерството за одбрана во реализирање за задачите и обврските на RACVIAC и го информираше министерот за активностите на овој Центар.

Центарот е ефикасен модел за регионална соработка од областа на одбраната кој од своето формирање ја следи својата примарна мисија – низ партнерство помеѓу земјите од регионот поттикнува дијалог и соработка за безбедносните прашања во Југоисточна Европа. Зајакнатата регионална соработка, соработка со НАТО и ЕУ се мотив повеќе за понатамошна целосна поддршка на Центарот, неговите проекти и идни активности.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK