­

Работиме на овозможување покачување на капитацијата за матичните лекари, рече Мицкоски


mickoski-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата работи на овозможување покачување на капитацијата за матичните лекари, што би се движела помеѓу 20 и 30 проценти, соопшти премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на тетовскиот регион.


Тој рече дека ги слуша реакциите од страна на матичните лекари и во моментот се работи на пријатно изненадување за нив.

„Очекувам дека веќе во следната недела ќе има добра вест за матичните лекари. Работиме на овозможување покачување на капитацијата за матичните лекари, што би се движела помеѓу 20 и 30 проценти. Оставете да ги направиме конечните пресметки, ќе излеземе многу скоро со информација што мислам дека ќе биде позитивна вест за матичните лекари“, одговори Мицкоски на новинарско прашање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK