Птица остави делови од Битола без струја

Птица-остави-делови-од-Битола-без-струја.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во раните утрински часови дојде до испад во ТС Битола 2 инициран од птица која прелетала во делот на 110 kV собирница при што дошло до прескок со еден од порталите на истата собирница, соопшти МЕПСО.


Испадот предизвика прекин во напојувањето со електрична енергија во траење од половина час, но со навремена реакција на вработените во Подружницата ОПМ ( вработените во Одделот ТС, Одделот ТКОИ, Одделот Релејна заштита и Одделот ДВ), како што велат од МЕСПО, се’ беше вработено во првобитната состојба а снабдувањето со електрична енергија е нормализирано и се одвива непречено.

„Штетите врз опремата од денешниот испад се незначителни, поради фактот што АД МЕПСО – Скопје располага со кадар кој е еден од најдобрите во регионот и ваквите брзи и навремени интервенции се дел од нашата секојдневна работа“, велат од МЕПСО.

Случаи од ваков тип, птица да предизвика испад во напојувањето, се исклучително ретки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK