Прва седница на Анкетната комисија за случајот со Oнкологија

Прва-седница-на-Анкетната-комисија-за-случајот-со-Oнкологија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Собранието денеска ќе се одржи првата седница на Анкетната комисија за случајот со Онкологија.


Комисијата ќе биде надлежна за утврдување на хронологијата на настаните и околностите во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, односно, дали со скандалот биле загрозени основите човекови права на пациентите коишто се лекувале, политичката одговорност, како и изготвување заклучоци и препораки кои ќе имаат за цел да поведат постапка за утврдување на одговорност на носителите на јавните функции и спречување натамошна злоупотреба.

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, која претседава со Анкетната комисија вчера рече дека ќе ги заложи сите свои знаења, умеење, труд и со сите останати колеги од комисијата како и новинарите, за да излезе вистината на виделина. Ако Анкетната комисија одлучи, рече Мизрахи, на разговор ќе бидат повикани сите релевантни институци и функционери.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK