Министерот за здравство, Сашо Клековски, соопшти дека е Агенцијата за храна и ветеринарство ја потврди првата мртва птица со западнонилска треска во Скопје, а регистрирани се и први случаи на западнонилска треска во Центар и Чаир.
Бројотна заболени е 43.
„Имаме 43 случаи на западнонилска треска, имаме 40 потврдени, од кои три се потврдени со еден тест. Тоа што е различно од претходната состојба има први случаи во Центар и Чаир. Започна и контрола на птиците и имаме прва лоцирана мртва птица со западно треска, станува збор за гавран во Скопје“, рече Клековски.
Тој се заблагодари на граѓаните бидејќи имало голем број на дојави за мртви птици.
„Мртвите птици се собираат од АХВ и тоа помага да се прави натамошното лоцирање на ризикот од западнонилска треска“, рече Клековски.