Прв симпозиум за фармацевти – SMART Pharmacist – повисоки критериуми за подобра здравствена заштита

lekari_simpozium_090908
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унапредување на фармацевтската дејност и обезбедување подобра здравствена заштита за пациентите е главната цел на симпозиумот „Аптекарска здравствена заштита – SMART Pharmacist“, кој ќе се одржи на 1. и 2. декември во Скопје. Симпозиумот, кој е прв од овој вид во земјата, е во организација на Здружението на приватни аптеки на РСМ. Преку овој симпозиум се воспоставуваат повисоки критериуми во фармацевтската дејност, базирани на континуирана едукација и личен професионален развој на фармацевтите и аптекарите кои се дел од примарната здравствена заштита. Покрај тоа, меѓу придобивките од симпозиумот е и зајакнување на нивото на вештини и знаења, подобрување на комуникацијата и подигнување на квалитетот на услугата во интерес на пациентите.

Симпозиумот „SMART Pharmacist“ е поддржан од „Реплек АД“, во чии простории и ќе се одржува. Како фармацевтска компанија, „Реплек АД“ во континуитет работи на развој и унапредување на македонската фармацевтска индустрија.


Концептот „SMART Pharmacist“ е првично лансиран од Советот за акредитација за фармацевтско образование (ACPE) во 2014 година. По успешната имплементација во Турција, проектот се проширува, а денес концептот успешно се применува во 16 земји, вклучувајќи го и балканскиот регион. За да се обезбеди квалитет, се користат глобално признати алатки и најдобри практики, со почитување на националниот контекст.

Учесниците на симпозиумот ќе се стекнат со поголеми компетенции во комуникацијата со лекарите, како и за подигнување на квалитетот на услугата, постигнување клинички резултати за пациентите, рационална фармакотерапија, намалување на негативни ефекти, брза идентификација на проблемот и поголема проактивност. Овие компетенции ќе ги подобрат индикаторите за поголем квалитет во практиката, поголема следливост на пациентите и зајакната соработка со сите инволвирани страни. Обуката има за цел да влијае на знаењето, вештините, мотивацијата и ставовите, согледувајќи ја клучната улога на фармацевтите во здравствениот систем.

Програмата SMART Pharmacist, дополнително го проширува своето влијание преку иницијатива „Train the trainer“, наменета за 60-80 едукатори за континуиран професионален развој. Оваа иницијатива има за цел да ги опреми обучувачите со знаења и вештини потребни за ширење на програмата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK