Протестот на лозарите го блокира сообраќајот на патот Неготино – Кавадарци

policija-stop-soobrakjaec-kontrola-prenasochuvanje-1000x600-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од 10:05 часот во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Неготино – Кавадарципоради јавен собир на лозарите, соопштија од АМСМ.



Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK