Промоција на книгата „Едно тело, илјада избори – водич за исхрана базиран на факти“ во КИЦ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Промоција на книгата „Едно тело, илјада избори – водич за исхрана базиран на факти“ на Александар Дренковски ќе се одржи овој петок (18. октомври) во Културно информативен центар (КИЦ) со почеток од 19:19 часот. 

Со мудрост, хумор и здрава доза скептицизам упатена кон најновите трендови на исхрана, „Едно тело – илјада избори“ објаснува сѐ, од  еволутивните корени на нашите инстинкти до современите предизвици во исхраната.  Запазувајќи ја индивидуалната варијабилност во апетитот и сложениот танц на хормоните и метаболизмот, оваа книга ви дава насоки за пронаоѓање на шемата на исхрана што најдобро функционира за вас.  Ова не е само уште една кето-палео-безглутенска-кросфит-еднорог диета, туку водич за интуитивен и одржлив начин на исхрана. Оваа книга ги предизвикува сите догматски тврдења и се служи исклучиво со факти. 



Александар Дренковски, авторот на ова дело, се бави со фитнес и здрава исхрана од своите 23 години кога ја започнува својата кариера како фитнес тренер. Една година подоцна тој го основа фитнес студиото ,,Кинетикс“ кое работи со полн капацитет и ден денес. Веќе 10 години интензивно работи со клиенти со цел да успеат да ги променат своите навики и преку поздрав животен стил да стекнат подобро здравје. Обликувано од спој на логично расудување, толкување и синтеза на доказите кои се достапни, зачинети со неговите лични искуства, Александар Дренковски го споделува негово знаење и искуство во „Едно тело – илјада избори“.

На самиот настан, промотор на книгата ќе биде Д-р Александар Митов, кој е магистер па јавно здравје на кипарскиот институт на Harvard School of Public Health како валедикторијан, со највисок просек во генерацијата (3,9/4) а потоа завршува и магистерски студии за животна средина во Кембриџ, Велика Британија, како член на престижниот колеџ St. John’s и стипендист на фондацијата Пексим. 

Со уплата од 900 денари на трансакциска сметка на НВО Акација, со цел на ознака – донација, можете да си ја резервирате книгата и да се осигурате дека ќе добиете копија на евентот. 

Сите собрани средства од промоцијата на книгата НВО Акација ќе ги донира во ЈУ Детски дом ,,11 октомври“. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK