Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе присуствува и ќе се обрати на свеченоста по повод промоцијата на 23-та класа питомци во чин потпоручник.
Како што најавија од МО, на свеченоста ќе присуствуваат началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, претставници на воено дипломатскиот кор од Босна и Херцеговина и Црна Гора и останати високи гости од Министерството и Армијата.
На свеченоста ќе бидат врачени награди за тројцата најдобро рангирани потпоручници.