Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне.
Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На планините на северозапад над околу 2000 мнв врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец (наместа со брзина над 70 км/час). Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени, јави УХМР.
Во Скопје претпладне облачно со врнежи од дожд, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 17 степени.