Променливо облачно време, попладне со пороен дожд, грмежи и силен ветер

ohrid-oblaci-meteo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето претпладне ќе биде умерено облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер(над 60км/ч.) и појава на град.


Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. UV=6
Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.

До среда времето ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На повеќе места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со постепен пораст на дневната температура.

Во Скопје до среда ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK