Променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд


prolet-dozddepositphotos_659406654_xl.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови.  Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната ќе достигне до 18 степен.


Преодно стабилизирање на времето ќе има само во понеделник, а веќе од вторник до крајот на работната недела под влијание на циклонска активност ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во вторник врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, додека во среда наместа ќе наврнат  и над 20 l/m². Ќе дува умерен до засилен ветер претпладне од северозападен, а попладне од североисточен правец. Во четврток врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а веќе во петок со послаб интензитет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK