Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, максималната температура до 14 степени

dozd-620x400.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, каде повремено ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 14 степени.


Во Скопје променливо облачно, во делови од котлината со услови за повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во петок и сабота времето ќе биде стабилно, а во недела попладне, во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник претпладне се очекуваат врнежи од дожд, а на планините од снег. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK