Променливо облачно, на повеќе места со врнежи од дожд со пороен карактер, проследени со грмежи

Времето денес нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места со врнежи од дожд со пороен карактер, проследени со грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.



Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб локален дожд. За време на викендот ќе започне да дува јужен ветер и дневата температура ќе биде во пораст. Нови поинтензивни врнежи се очекуваат од понеделник.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK