­

Променливо облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд


skopje-lugje-dozd-esen-800x600.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.


Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Во Скопје, променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Времето во наредниот период

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни процеси се очекуваат од средината на седмицата кога наместа врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер (над 60км/ч). Локално ќе наврне поголема количина на дожд (над 20л/м2 за 24часа).

До четврток ќе дува јужен ветер, кој утре ќе биде со засилен интензитет, а од петок ќе дува од северен правец.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK