„Професор по физичкo и доктор по Кинезологија, Мицкоски го предлага за заменик министер во МВР, дали ќе биде вработен можеби како физиотерапевт“, прашува СДСМ

Mickoski4-15072024.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Наместо кадровско освежување и ангажирање компетентни луѓе, како што ветуваше пред граѓаните, Христијан Мицкоски мести несоодветни кадри на заменичките министерски позиции и директорските места. Неговите партиски потреби, желбите и апетитите на неговите коалициски партнери Мицкоски ги стави пред потребите на граѓаните и одбра кадри кои на работните места ќе се чудат каде се нашле“, велат од СДСМ.


„Професор по физичкo и доктор по Кинезологија Мицкоски го предлага за заменик министер во МВР. Прашање е дали ќе биде вработен можеби како физиотерапевт за полицајците или тренер.

Во Министерството за одбрана, Мицкоски предлага економистка со искуство во маркетинг областа. Можеби ќе ја промовира Армијата на социјалните мрежи.

Елфет Исмаили е со искуство во Фондот за магистрални и регионални патишта и Македонска пошта како соработничка за маркетинг.

Заменичка министерка во Министерството за спорт, Мицкоски предлага дипломирана информатичарка, Сејфие Садик.

Како овие несоодветни кадровски решенија ќе одговарат на потребите на граѓаните?

Никако.

Мицкоски воопшто и не ги предлага за да работата за граѓаните туку за да одработуваат за партиската агенда на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери.

Буткањето партизација на ваков начин покажува дека ВМРО-ДПМНЕ нема никаков мерит систем ниту пак се грижи за потребите на граѓаните“, соопшти СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK