Проф. д-р Лутфи Сунар избран за нов ректор на Меѓународниот балкански универзитет

rektor
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Проф. д-р Лутфи Сунар е избран за нов ректор на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје. Новиот ректор најавува ново поглавје во работењето на универзитетот, со цел промовирање и воспоставување квалитетно високо образование според највисоките стандарди што ќе донесе успех и нови иновативни постигнувања како за МБУ, така и за тековните и идните студенти.

Професор Сунар завршил факултет на Универзитетот Билги во Истанбул на Катедрата за меѓународни односи и економија, а подоцна магистрирал на Катедрата за политички науки и меѓународни односи на Техничкиот универзитет Јилдиз и докторирал на Катедрата за социологија на Универзитетот во Истанбул.


Својата академска кариера новиот ректор ја започнал на Универзитетот во Истанбул во 2006 година, првично како истражувачки асистент, а подоцна се стекнува со звање доцент и ја продолжува својата академска кариера на истиот универзитет. Од 2017 година, Сунар е член на факултетот на Катедрата за социологија на Универзитетот Медениет во Истанбул, каде што ја стекна титулата професор.

Со напредно познавање на англискиот јазик, Сунар ги продолжил своите академски надградби на меѓународната сцена, придонесувајќи истовремено за развојот на општествените науки.

Проф. д-р Љутфи Сунар, исто така е член на одборот на доверители и претседател на одборот во Фондацијата ИЛКЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK