Полицијата доцна синоќа на регионалниот пат Неготино-Градско, го приведе Т.Ј.(44) од Република Турција.
При контрола во возилото „рено клио“ со босански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Египет.
Возилото било одземено, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.