Утре во 11 часот приватните специјализанти ќе одржат мирен протест пред Министерството за здравство.
Тие преку соопштение упатија неколку барања до министерот за здравство.
„Покачување на месечниот надоместок (кој моментално е 26 000 денари) на ниво на моментална просечна плата во Р.С. Македонија и понатамошно усогласување на нашата плата со просечната плата во државата. Здравствено осигурување да добијат сите приватни специјализанти.
Регулирање на работниот статусот на приватните специјализани (моментално се водиме како невработени лица, со договор на дело, без ни еден ден стаж во тек на 6 години специјализација)“, бара Здружението на лекари специјализанти.