Приватните превозници на средба со надлежните, ако не се постигне договор ќе бидат уште поригорозни: „Нашите проблеми тешко се решаваат со градоначалничката на Град Скопје

317949325_1541890542951715_1667799558139509342_n-800x534.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Автобускиот превоз во Скопје од денеска е редуциран. Приватните превозници одлучија да сообраќаат само наутро, од пет часот.


Според изјавата на претставник на приватните превозници за „Макфакс“ еден автобус ќе вози само една тура, на една линија.

„Денеска редуцирано сообраќаат автобусите со број: 45, 23, 63, 73, 61, 22, 52, 54, 19 и 20“, потврдија од приватните превозници за „Макфакс“.

Од таму појаснуваат дека имаат неисплатен долг, кој за трите фирми заедно изнесува над 120 милиони денари. Истовремено бараат и покачување на цената на изминатиот километар.

Претставникот на приватните превозници истакна дека нивни луѓе веќе се на средба и разговори со надлежните институции, во случајов, конкретно со директорот на ЈСП-Скопје и секртетарот на Град Скопје и дека е можен договор за решавање на проблемите.

Во спротивно, како што вели, доколку не дојде до тоа, ќе продолжат и понатаму со редуцирања кои во иднина би биле уште поригорозни.

„Нашите проблеми тешко се решаваат со градоначалничката на Град Скопхје. Таа нема никаков слух за нас, единствено сака таа да е во право а другите да бидат обвинети“, вели соговорникот за „Макфакс“, кој поради притисоци, како што рече, не сака да го открива неговото име и презиме.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK