Притвор од 30 дена за четворицата осомничени за тероризам

Кривичен-суд-во-рок-од-48-часа-ќе-одлучува-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонењев организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство против 4 лица, осомничени за кривичното дело Терористичка
организација од чл. 394 – а од КЗ, донесе решенија со кои го прифати предлогот на ОЈО ГОКК и на сите четири лица кои, утрово беа спроведени во судот, им определи мерка притвор во траење од 30 дена.


„Согласно решенијата за притвор, постојат основани сомненија од чл. 165 ст.1 т.1 и т.2 Односно Опасност дека осомничените може да се дадат во бегство и Опасност истите да ја попречат истрагата со влијание на сведоци, па заради тоа и е определена мерката притвор.

Против овие решенија странките имаат правно на жалба пред Кривичниот совет“, соопшти Кирвичниот суд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK