Управата за финансиско разузнавање денеска во Скопје организира презентација на Извештајот од 5-от круг на евалуација на системот за спречување перење пари и финансирање на тероризам на Република Северна Македонија усвоен од страна на Мoneyval Комитетот при Советот на Европа.
Како што најавуваат организаторите, презентацијата ќе почне со воведно обраќање на министерот за финансии Фатмир Бесими и на директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов.