Превентивни активности на Одделот за внатрешна контрола за превенција од корупција и за заштита на човековите права

4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на вчерашниот ден  од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди беа спроведени активности за превенција од корупција, заштита на човекови права и јакнење на интегритетот на вработените во Министерството за внатрешни работи.



Полициски службеници од ОВККИПС, преку директна комуникација со граѓаните и делење на информативен материјал, изработен од страна на Еуротинк – Центар за европски стратегии, на граничните премини Долно Блаце, Табановце и Меѓународен аеродром Скопје, ги запознаа граѓаните со надлежностите на Одделот и начинот на кој можат да ги остварат своите права при поднесување на претставки против вработени во МВР, доколку имаат сознанија за коруптивно/казниво однесување на вработени во МВР или доколку се жртва на незаконско и непрофесионално однесување од страна на вработени во МВР и со тоа им се повредени нивните слободи и права.

Целта на оваа превентивна активност на ОВККИПС е да ја подигне свеста кај граѓаните за начините на заштита на нивните права и слободи пред ОВККИПС, а воедно ќе делува и превентивно врз вработените во МВР, со што ќе се подобри квалитетот во работењето, а во насока на постигнување на крајната цел- сузбивање на корупцијата во редовите на Министерството за внатрешни работи и дополнително зголемена доверба на граѓаните во работата на Министерството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK