Превентивни активности на МВР за безбедна ловна сезона, побезбеден сообраќај, заштита од пожари

Превентивни-активности-на-МВР-за-безбедна-ловна-сезона-побезбеден-сообраќај.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Продолжувајќи со планските превентивни полициски активности во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторите за внатрешни работи Битола, Велес и Тетово беа реализирани неколку превентивни активности од областа на безбедноста на сообраќајот, потоа заштитата на шумскиот фонд и околу мерките поврзани со започнувањето на ловната сезона, соопшти МВР.


– Така, на подрачјето на СВР Велес, односно на повеќе локации во и околу Кавадарци Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со ОСБСП Кавадарци спроведе превентивна активност насочена кон законските обврски за безбедно управување со возило – задолжителнито носење на сигурносен појас и прилагодување на брзината спрема условите на патот како едни од најважните правила во насока на елиминирање на можностите од сообраќајни несреќи, извести МВР.

Во Ресен пак, на подрачјето на СВР Битола при средби со граѓаните полициските службеници укажуваа на потребата од внимателно и одговорно однесување како при посета на шумските предели, односно рекеративно излетничките места, така и при извршувањето на земјоделски работи, а дополнително на возачите на моторни возила кои се движат по патиштата во овој регион им беше сугерирано да не фрлаат отпушоци од цигари и слично.

Полициски службеници од СВР Тетово имаа заедничка средба со претставници од три ловни друштва од селата Боговиње, Теарце и Брвеница со укажувања за целосно и безусловно придржување кон Законот за ловство и Законот за оружје, се додава во соопштението на МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK