Претставници од образовни институции од земјата и регионот го посетија Меѓународниот балкански универзитет

IBU 2
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Меѓународниот балкански универзитет беше домаќин на претставници од образовни институции од земјата и регионот кои учествуваат на Министерската конференција за Западен Балкан за квалитет во високото образование. Оваа високообразовна институција беше одбрана за посета бидејќи претставува најдобар пример за приватна високообразовна институција во земјава.

Во делегацијата што ја посети МБУ беа претставници од Министерството за образование и наука на Северна Македонија, од Европската асоцијација за обезбедување квалитет во високото образование и Европскиот регистар за обезбедување квалитет во високото образование, како и од други регионални образовни институции.


Гостите при посетата од страна на ректорот проф. д-р Љутфи Сунар, проректорот проф. д-р Мевлудин Ибиш, проректор асистент доц. д-р Сејхан Муртезан Ибрахими и советникот на ректорот проф. д-р Снежана Билиќ беа запознаени со работата на Универзитетот, студиските програми и образовниот процес на оваа наша приватна високообразовна установа, која според Шангајската листа на факултети, беше прогласена за најдобар универзитет во областа на наставата и учењето во земјата.

МБУ на студентите им нуди модерен образовен систем ориентиран кон кариера и обезбедува современи студиски програми кои овозможуваат квалитет на образованието признаен на меѓународно ниво, наставни програми целосно на англиски јазик, меѓународно образовно опкружување со студенти од над 15 земји, кампус од светска класа во Скопје, динамична примена на Програмата за мобилност на студенти Еразмус+ и безброј можности за започнување на кариера веднаш по дипломирањето.

„Квалитетното високо образование ја зголемува шансата за квалитетно вработување, односно создава добро подготвени кадри кои лесно се вработуваат на добро платени позиции и одговараат соодветно на обврските. Нашиот Универзитет располага со осум факултети со 24 програми за додипломски студии во различни области. Остваруваме блиска соработка со реалниот сектор што овозможува брзо вработување по завршувањето на студиите. Истовремено, ги следиме и потребите на пазарот на труд, со што МБУ постојано го зголемува портфолиото на наставни програми. Такви нови студиски програми се политички науки, односи со јавноста и маркетинг, управување со индустриско инженерство, градежништво, банкарство и финансии, Е-бизнис, и психолошко советување и насочување. Водејќи се по истите потреби, на МБУ пред неполни две години почнаа со работа и Факултетот за дентална медицина со програма за академски студии за дентална медицина и Високата медицинска школа со програми за стручни студии за медицинска сестра и акушерка“, изјавија од МБУ.

Учесниците на конференцијата го посетија и Блок А од универзитетскиот кампус каде се сместени новите катедри кои се опремени со најсовремени лаборатории и кабинети, со професионален академски кадар кој на идните генерации ќе им понуди светски стандард на образование во медицинските и здравствени науки во Скопје.

На дводневната конференција министрите за образование и наука на Северна Македонија, Србија и Црна Гора, заменик министерот за образование на Литванија, како и над 80 други претставници на институции, образовни и научни установи од регионот и експерти од ЕУ, дискутираат за предизвиците на високото образование во регионот и за креирање идни политики со кои ќе се подобри квалитетот на високото образование во секоја од земјите од регионот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK