Претседателката Сиљановска Давкова ги прими организаторите на 37. Охридски пливачки маратон

Foto-4.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими организаторите и поддржувачи на Охридскиот пливачки маратон кој се одржува по 37 пат, под покровителство на Претседателот на државата.


На средбата претседателката беше информирана за текот на подготовките на годинашното издание, пријавените учесници и севкупните спортски активности и содржини на Фестивалот на водени спортови, во чии рамки се одржува Охридскиот пливачки маратон.

Претседателката Сиљановска Давкова посочи дека, како една од најстарите спортски манифестации, Охридскиот пливачки маратон е меѓународно препознаен и вреднуван не само од пливачката, туку и од целата спортска јавност и со својата долгогодишна традиција има значаен придонес за афирмација на земјава.

Изразувајќи уверување дека Охрид ќе биде домаќин на уште едно успешно издание на пливачкиот маратон, претседателката им посака успех на сите годинашни учесници на трката и ја истакна важноста од натамошно континуирано одржување на маратонот по светски стандарди и задржување на вниманието и интересот на врвните светски пливачки имиња.

На средбата присуствуваа претседателот на Националната пливачка федерација, Горан Стојановски, претставници од општина Охрид, од здружението Охридски маратон, од пливачкиот клуб Охридски бранови и македонскиот маратонец Евгениј Поп Ацев.

Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи на 31 август на пливачката патека „Климе Савин“ во должина од 25 километри со старт од манастирскиот комплекс „Св. Наум“ и цел на Градското пристаниште во Охрид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK