Полицијата денес извршија претрес во дом и други простории кај З.И. (49) во селото Слупчане, општина Липково.
При претресот пронајдени се шест пиштоли различни марки, седум рамки за куршуми, пневматска пушка „екол“ со оптика за пушката, околу 2500 куршуми различни калибри од 9мм, 7.62мм и 6.35 мм, 64 пиротехнички ракети.
З.И. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово.