­

Претреси на пет локации во Кочани и во Скопје: одземени дополнителни електронски уреди, извршени се распити на лица


1742300392_kochani-diskoteka-9.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи координирано преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани.


Извршени се претреси на пет локации во Кочани и во Скопје, при кои се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење. Извршени се и распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија.

Во текот на денот, Јавното обвинителство ќе издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање определени дејствија поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, осомничените и други лица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK