Пресврт во случајот со пожарот во Хром: мажот кој беше извлечен мртов, претходно бил избоден

Пресврт-во-случајот-со-пожарот-во-Хром-мажот-кој-беше.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Триесет и петгодишниот маж од скопската населба Хром чиешто тело беше извлечено вчера за време на пожарот во станот, претходно бил избоден, со што се отвора сомнеж дека пожарот бил со цел да се прикрие убиство.


На неговото тело, како што информираа од полицијата, утврдени се траги од насилство и извршена е обдукција по наредба на јавен обвинител, при што е утврдено дека станува збор за насилна смрт како последица на убоди од остар предмет.

Противпожарната бригата вчера околу 9.47 часот пристигна на улицата Исаија Маџовски во Скопје по пријава за пожар. Пожарот беше изгаснат, а во опожарениот стан беше пронајден е починат И.Ј. (35) од Скопје, за кого се претпоставуваше дека загинал во пожарот.

СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK