Прегазена мечка на патниот правец Гостивар – Охрид

20f526c301c99bfe7da0.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Регионалниот ЦУК Тетово известува, дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за сообраќајна несреќа, при што возило удрило во мечка – утрово во 05.37 часот.

Повредени во патничкото возило нема, додека мечката починала на лице место. Настанот се случил на патниот правец Гостивар-Охрид, кај вториот каменолом. На местото на несреќата присутни се полициски службеници од ПС Гостивар и увидна.

Исто така известени се и Национален Парк Маврово и ТППЕ Гостивар за отстранување починатата мечка од магистралниот пат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK