Предложен притвор за 21-годишник за силување малолетничка во Битола

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.



„Во периодот од август до крајот на декември 2023 година, осомничениот во стан на улицата „Прилепска“ во Битола, во повеќе наврати вршел полови дејствија врз 14-годишно девојче“, велат од Обвинителството.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK