Денес, Управниот одбор на Фондот, донесе одлука за дополнување на Позитивната листа на лекови со вкупно девет лека по генеричко име, односно, по форма и јачина фактички позитивната листа се проширува за вкупно 20 лека, извести Фондот за здравствено осигурување.
Ова подразбира проширување на позитивната листа на лекови со 59 бренд заштитни имиња и тоа за : крвни болести – антикоагуланси (Prasugrel, Ticagrelor), болести на срце и крвни садови – против висок притисок и високи масти (Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate) , за централен нервен систем – антидепресиви и за третирање деменција (Escitalopram, Memantine, Duloxetine).
Проценетото влијание врз буџетот на Фондот на годишно ниво е околу еден милион евра. Ова е прво дополнување на листата по 2014-та година.