Пожарот на Галичица се шири и кон Охрид, се бараат доброволци за гаснење

1-16.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пожарникари, припадници на планинската спасителна група, ренџери од НП Галичица, членови на алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид, доброволци, хеликоптери и ер трактори веќе 10 дена се ангажирани во гаснењето на пожарот на Галичица. Од синоќа по социјалните мрежи се споделува апел до сите граѓани да помогнат во гаснењето на пожарот на планината, кој веќе премина од страната на Охрид откако претходно започна на страната на Албанија и се прошири на македонска страна кон Преспа.


Во фејсбук групата „Охриѓани“ е споделен повик до сите граѓани кои сакаат да помогнат во гаснењето на пожарот на Галичица, кој се прошири на страната кон Охрид.

„По консултација со планинската спасителна служба, сите физички спремни доброволци утре (денес) во 07:00 часот да се пријават кај планинарската куќа Спиридон (по Црквичето Св. Ѓорѓија на Галичица кон Ресен, од десна страна) со свој алат – мотика или гребло! Најважно е да бидете физички спремни со основна планинарска опрема, вклучувајќи чевли и друго. Досега само по 3-4 доброволци на ден се пријавувале, затоа да се собереме во поголем број за да ја спасиме Галичица. За жал, моментално нема друга (поголема) организација за спас на националниот парк!“ – стои во апелот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK