Пожарот во Националниот парк Галичица е делумно ставен под контрола.
Директорот на центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, информираше дека на терен десјтвуваат повеќе од 120 лица, почнувајќи од ренџери во Националниот парк Галичица, вработени во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и доброволци.
Пожарот се гасне и од небо, со два хеликоптери – армиски и полициски, како и ертракторот на ДЗС.
„Попладнево таму е наоблачено и по разговорот со УХМР имаме некоја надеж дека ќе падне дожд кој ќе ги скрати нашите маки“, рече Ангелов.