Пожар избувна доцна попладнево околу 18:25 часот во скопската населба Лисиче во Општина Аеродром, а противпожарните екипи веќе се на терен.
Пожарот се случил на улицата „Тодор Чангов“, а според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на терен се две цистерни на скопската противпожарна бригада и осум пожарникари.
Од ЦУК велат дека не претставува опасност за околните куќи и згради, како и дека веќе е под контрола.