Пожар избувна синоќа околу 20 часот на стариот пат што ги поврзува Охрид и Струга.
Пожарот, како што информираа од МВР, настанал на крајбрежниот појас на Охридското езеро, при што биле опожарени површина со езерска трска и два пловни објекти.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршија полициски екипи.
Фото: илустрација