Повисоки утрински температури во целата држава, максималната ќе достигне до 14 степени

Облачно-со-услови-за-дожд-и-снег.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени 0 степени, 2 било во Маврови Анови, 3 во Берово и Лазарополе, 4 во Крива Паланка, Претор и Крушево, 5 во Битола, Прилеп, 6 во Тетово, Охрид, Дебар, Куманово, Велес, Кавадарци, 7 во Виница, Струмица, 8 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, 10 во Штип, Демир Капија, Гевгелија.


Наврнат воден талог во изминатите 𝟤𝟦 часа (во ʟ/ᴍ𝟤)

21 Попова Шапка, 15 Тетово, 14 Дебар, 10 Гевгелија, 8 Маврови Анови, 7 Струмица, 6 Лазарополе, 5 Крушево, 4 Охрид, Претор, 3 Битола, Куманово, Кавадарци, 2 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Прилеп, Штип, Велес, Тополчани, 1 Скопје-Петровец, Демир Капија, Виница, Берово.

Висина на снежна покривка во 𝟢𝟩 часот (во сᴍ)

36 Попова Шапка, 19 Маврови Анови.

Времето денеска

Променливо облачно, по одделни котлини со појава на слаба магла, а повремени локални врнежи од дожд ќе има особено во јужните делови, каде повремено ќе бидат поројни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно, во делови од котлината магливо со услови за повремен слаб дожд. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK