Повеќе од половина рурални тетовски води се небезбедни за пиење, населението се навикнало на таквата состојба

davidovski_23432432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Полугодишниот извештај за квалитет и безбедност на водите за пиење во руралните подрачја во тетовскиот регион покажуваат дека 67 проценти од селските мерни места за водата за пиење се небезбедни, покажуваат најновите податоци од Центарот за јавно здравје.

Д-р Ратко Давидовски, раководител на одделение за здравствена екологија и хигиена објаснува дека станува збор за присуство на колиформни бактерии, односно појава на одредена нечистотија која пак може да биде основа за поголемо загадување. Затоа тој постојано апелира водата во руралните места да се дезинфицира.


– Кај селските водоводи нема грижа од јавните комунални претпријатија, не се врши редовна дезинфекција на водата, не се врши контрола на извориштата, не се врши чистење на каптажите. Затоа извориштата и каптажите треба еднаш годишно да се чистат. Треба да имаат и оформени прва заштитна зона односно зона на забрана, треба да бидат оградени извориштата и резервоарите. Овие бројки покажуваат дека мора да биде воведена редовна и континуирана дезинфекција на водата за пиење. Најчесто се врши дезинфекција со хлорни препрати, затоа што се најевтини. Ако има хлоринатор, мора да има воведено и струја и тоа е трошок за комуналните претпријатија, вели д-р Давидовски.

Податоците на Центарот покажуваат дека на пример крајпатните чешми имаат и до 76 проценти од испитаните примероци небезбедни за пиење. Но, од друга страна според докторот населението како да се навикнало на оваа состојба.

– Домицилното население е адаптирано на тие води. Јас и вие ако се напиеме сигурно ќе имаме стомачни тегоби. Тие се навикнале на таа вод, што не е добра пракса. Обично истакнуваме информација кај овие крајпатни чешми, ставаме лист дека водата не е за пиење и верувајте за 24 часа тој лист го снемува, тоа соопштение дека водата не е за пиење. Од друга страна, има полно примери и за чиста вода како на пример чешмите од Пршовечка јурија, таму да одиме сега се чека ред. Таа е 75 метри бушотина и има квалитетна вода. Има алтернативи се снаоѓаат и дури купуваат или земаат од мерни места коишто редовно се контролираат каде што е квалитетна водата, објаснува Давидовски.

Што се однесува за физичко-хемиските параметри, според докторот, само девет отсто не се исправни што претставува добар резултат. Воедно Давидовски апелира планинарите да водат сметка и да избегнуваат земање вода од извори поради опасност од нечистотија поради присуство на животни и загадување поради човековата активност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK