Планот ‘гласајте да земеме кредит за да набавиме автобуси коишто ќе стигнат догодина’, нема да го реши проблемот со ЈСП, смета премиерот Христијан Мицкоски.
Прашан од новинарите зошто тие како Влада не набават нови автобуси, со оглед на расправиите кои ги имаат со градоначалничката Данела Арсовска, Мицкоски одговори дека тој не се кара со никого, а проблемот се решава со мобилизација на ЈСП, односно со вистинско трошење на средства што скопјани ги даваат како субвенција на Јавното претпријатие, но тоа не може да го стори Владата туку менаџментот на Град Скопје.
Мицкоски рече и дека за време на Локалните избори во 2021 година кога Арсовска беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ како кандидат, тие понудиле решение: компанија која ќе отвори фабрика за електрични автобуси, но тоа останало иницијатива на едната страна.
Понатаму ја истакна потребата од автобуси и за другите градови. Потреба од автобуси, вели Мицкоски, имаат и Тетово, Битола, Прилеп, Штип, Кавадарци, Охрид. Ако на Скопје му требаат 250 автобуси и на другите градови сигурно им требаат уште толку, рече премиерот.